Islamska Duhovnost

ПОЧЕТНА



 
 
   


С В Е Т О Т О
Т Р О М Е С Е Ч И Е

 
 Почитувани џемаатлии, според исламскиот календар и оваа година дочекавме да влеземе во `Светото Тромесечие` кои го сочинуваат три Свети месеци: Реџеб; Шабан и Рамазан. Овие три редоследни месеци, со посебен исламски термин ги именуваме како: Ešhuru-Selase - кое го преведуваме како `Светото Тромесечие`.
 Во врска со Светото Тромесечие, Хазрети Мухаммед алејхисселам рекол: “Месецот: ‘Рџеб’; тоа е Аллаховиот месец. Месецот: ‘Шабан’; тоа е мој месец. Месецот: ‘Рамазан’; тоа е месец на мојот уммет.„

   Почитувани, секој од наведените Свети месеци, во себе содржи по една Света ноќ, од чии береќет се просветлл и месецот.
- Месецот: Реџеб, во себе го содржи lejlet`ul-Mirađ. - -- Месецот: Шабан, во себе го содржи: Lejletu`l-Berat. - Месецот: Рамазан, во себе го содржи: Lejletu`l-Kad`r.
 Па Хазрети Мухаммед алејхисселам вели: “Вредноста на Реџеб, во однос на останатите месеци, е како вредноста на Кур`анот но однос на останатите објави. Вредноста на Шабан, во однос на останатите месеци е како мојата вредност над останатите Пејгамбери. Вредноста на Рамазан, во однос на останатите месеци е како Аллаховата вредност над створенијата.„

***

  Бидејки сме влезени во првиот Свети месец од Светото Тромесечие – месецот: Реџеб, во ова излагање ќе се задржиме околу описот на Вредноста на ово мубарек месец.

Кога ќе настапел Светото Тромсечие Пратеникот алејхисселам ја учел следната дова: "Allahumme barik lenâ fi Redzebe ve Şa'ban. Ve bellignâ Ramazân." - (Господару, направи ни ги Мубарек месеците Реџеб и Шабан, и направи насиб да стасаме до Рамазан).

Аллаховиот Пратеник кажал: “Во Џеннетот – (Рајот), има една река по име: `Реџеб`. Кој ќе испости еден ден од месецот: Реџеб, на денот на Кијаметот Аллах ќе даде да пие од таа вода.„

Пратеникот алејхисселам кажал: “Во Џеннетот – (Рајот), има една вила. Во нејзе ќе влезат само тие кои месецот: Реџеб, го минаа со пост.„

Пратеникот алејхисселам кажал: “Кој од вас ќе испости три дена од `харам месеците`, (Реџеб; Зул`Каде; Зул`Хиџџе или Мухаррем) Аллах ќе го дарува со севаб од деветсто илјади години нафиле пост.„

Пратеникот алејхисселам кажал:
- Кој ќе го испости првиот ден од месецот: Реџеб, му се пишува севаб како да постел цела година.
- Кој ќе испости седум дена, ќе му се затварат седумте врати Џехеннемски – (Пеколски).
- Кој ќе испости одум дена, ќе му се отворат осумте Џеннетски – (Рајски) врати.
- Кој ќе испости девет дена, гревовите на тој човек ќе му се претварат во `севаб`.
- Кој че испости десет дена, од небото ќе се слушне глас: `Изминатите гревови на овој му се простени!`.


Пратеникот алејхисселам кажал: “Кој ќе даде садака во месетот: Реџеб, има севаб:
- Како да дал илјада златника (на Аллаховиот Пат).
- Илјада степени неговиот степен се возвишува пред Севишниот Аллах.
- Илјада гревови му се бришат.
- За секој ден кој ќе го испости и во кој ќе даде садака, му се пишува илјада `аџилаци` и илјада `умриња`.

- Во Џеннетот – (Рајот), му се градат илјада вили, илјада убави куќи, илјада убави соби, во сеоја одаја по илјада места, во секое место една Хуриа – џеннетска девојка.„
***

  Почитувани, сигорно ќе се прашате: `Зошто се доделува толкава награда?!` - Одоговорот ќе го најдеме враќајки се во времето на Нух алејхиселам.     Еден ден Хазрети Нух минувал покрај гробишта кога таму забележал жена која плаче над еден гроб. Се приближи до нејзе и рече: ‘Мајко, зошто толку плачеш?’
– Таа одговорила: ‘Синко, јас да не пчлачам кој ли да плаче?! Ми умре нај малиот син!’
– Тогаш Хз. Нух рече: ‘Колку ли години имаше?’ – Старата жена: ‘Тристотини и дваесет...’
– О мајко растажена, рече Хз. Нух. Навистина ќе дојде еден уммет следбеници на последниот пророк чии просек на живот ќе биде седумдесет години!
- Славен да е Аллах! Тој уммет ќе има ли време за ибадет?! Да бев јас во нивно време би ја заковала мојата глава на сеџде! – рече старата расплакана мајка.

  Во многу преданија се вели дека умметот на Мухаммед алејхисселам ќе предводи во џеннетот и дека највеќе сафови од џеннетлиите ќе бидат умметот на Мухаммед алејхисселам. Но како ќе предводиме во џеннетот, пред верниците од народите кои живееле по осумстотини – деветстотини години?! Како ќе ги надминеме нивните севапи за да бидеме предводници?! Тоа ќе се оствари на овој начин како што е спомнато во хадисите. Доделувајки награда за дотичниот ибадет со илјадници севапи. Така ние ќе ги надминеме севапите на верниците кои живееле десет пати повеќе од нас.

И на крај, ова излагање сакам да го завршам со еден хадис, кој укажува на важноста и величината на овој Свети месец: Додека Мухаммед алејхисселам шетал со Су`бан радиаллаху анх покрај гробишта, Пратеникот алејхсселам примети дека луѓето што лежат во гробиштата се во азаб - казна. Па Мухаммед алејхисселам кажал: “Овие луѓе, една ноќ да постеа од месецот Реџеб и ноќта да ја миеа во ибадет не ќе беа во ваква казна.„

Сето ова е превземено од делото:
Gunjet`ut-Talibin, од
Šejh Abdul Kadir al-Gejlani (k.r.a.)

Имам: Ибрахим Руфат Ајдин
22.05.2012